Разочарувачка ноќ за германската СПД и на локалните избори во Минхен
По колапсот на покраинските избори во Баден-Виртемберг германската СПД се соочи и со разочарувачки резултати на локалните избори во соседната Баварија. Најзиниот кандидат за градоначалник на Минхен, Дитер Рајтер, кој ја води баварската метропола во два мандати во последниве 12 години ќе оди во втор круг со многу намалена поддршка, а таму ќе го има за противник неочекуваниот кандидат, Доминик Краузе од Зелените.
Ратјтер претрпе огромни загуби. Броењето на гласовите е при крај и тој досега освои 35,6 проценти од гласовите, што е пад од 12,3 процентни поени во споредба со изборите за градоначалник во 2020 година.
За прв пат во историјата на изборите во градот, кандидат на Зелената партија стигна до вториот круг: Доминик Краузе (Зелените) досега доби 29,4 проценти, подобрувајќи го резултатот на неговата партија за 8,8 поени.
Досега, само кандидатите на ЦСУ стигнуваа до вториот круг. Нивниот кандидат Клеменс Баумгартнер нема да го постигне тоа на овие избори, бидејќи досега освои само 21,3 проценти. Ова е точно истиот резултат што го доби неговата партиска колешка Кристина Франк пред шест години.
Кога беа објавени резултатите во седиштето на СПД имаше неверица, никој не аплаудираше. Таму се очекуваше втор круг, но никој не веруваше дека ќе има толку големи загуби, а уште повеќе дека втор ќе биде кандидатот на Зелените.
Разочарувањето во СПД се забележуваше кога тој стигна во штабот пречекан со топол, но донекаде отсутен аплауз. Видливо очаен тој рече: „Направив повеќе грешки во последните две недели отколку во претходните дванаесет години“. Ова е особено горчливо пред избори. Рајтер ѝ се извини на својата партија за тоа.