Растот на македонската економија ќе забави на 2,7 проценти, прогнозира Светска банка


Фото: Б. Грданоски

Светска банка во најновата пролетна прогноза предвидува забавување на растот на македонската економија за годинава на 2,7 проценти. Причина за тоа се последиците од руско-украинскиот конфликт и санкциите воведени кон Русија.

Предвидувањата се дека инфлаторските притисоци, особено храната и цените на енергенсите, ќе ги зголемат трошоците на живот и дека најпогодени ќе бидат ранливите категории на граѓани.

Според проекцииите на Светска банка, фискалниот дефицит ќе остане зголемен со проектиран раст на јавниот долг над 62 проценти од БДП.

Доколку продолжи војната во Украина, Светска банка прогнозира намалување на надворешната побарувачка, зголемување на цените на стоките и енергијата и доцнење на инвестициите. Ова сценарио, како што се наведува во извештајот, би резултирало со уште понизок раст и пораст на барањата за фискална поддршка.

– Засилената политичка неизвесност и одложениот пристап кон Европската унија, може да доведат до послаби реформски напори за зајакнување на потенцијалот на раст и консолидирање на јавните финансии, се наведува во извештајот.

Препораката на Светска банка е на среден рок, земјата да ги врати јавните финансии на одржлива патека и да го насочи својот фокус на решавање на структурните предизвици како што се опаѓачкиот човечки капитал, продуктивноста, миграцијата, слабите регулаторни рамки, лошата конкурентска политика, независноста на судството.

Инфлаторните притисоци (особено храната и цените на енергијата) ќе ги зголемат трошоците за живот и ќе ги погодат најмногу сиромашните граѓани и покрај значајната владина поддршка усвоена во март 2022 година за ублажување на енергетската криза преку индиректни даночни намалувања, дополнителни социјални бенефиции за пензионерите и групите со ниски приходи, како и концесиски кредитни линии за фирмите.

Фискалниот дефицит ќе остане зголемен во 2022 година со проектиран натамошен пораст на јавниот долг на над 62 отсто од БДП.

Доколку војната во Украина продолжи, тоа ќе влијае дополнително врз намалување на надворешната побарувачка, ќе ги зголеми цените на клучните стоки и енергијата, ќе ја закочат мобилноста и ќе резултира со доцнење на инвестициите. Ова сценарио би резултирало со уште понизок раст и фискални приходи, како и зголемени барања за фискална поддршка и пораст во трошоците за финансирање.

На среден рок земјата треба ги врати јавните финансии на одржлив пат и да го пренасочи својот фокус кон решавање на структурните предизвици, вклучувајќи ги нискиот и опаѓачки човечки капитал, слабите регулаторни рамки, лошата политика за конкуренција и независност на правосудството што влијае врз продуктивноста и врз миграцијата.

За 2023 и за 2024 година, СБ очекува македонската економија да забележи раст од 3,1 односно 3,2 отсто.