Раскошни или едноставни: Која кралска венчаница е најубава?

Англија-Британското кралско семејство има најраскошни и најозборувани свадби во светот. Традиционални или како од бајките, се е организирано совршено, од венчаниците, до славните гости, преубави цвеќиња, врвно, а невидливо обезбедување. Очигледно, многу пари се трошат.
Додека конечната бројка никогаш не се открива, се смета дека едно од најновите кралски свадби – големиот ден на Меган Маркл и принцот Хари во мај 2018 година – чинеше околу 32 милиони фунти (40 милиони американски долари).
Голема сума од свадбите се трошат на венчаниците, со славен дизајнерски потпис, задолжително од Англија. Актерката од Холивуд, Меган Маркл носеше венчаница од британската дизајнерка Клер Вајт Келер која беше уметнички директор на Живанши, а Кејт, војвотката од Кембриџ сјаеше во венчаница од Александар Меквин, на дизајнерката Сара Бартон на свадбата во април 2011 година .
Како и повеќето невести – кралски или обични- и двете претставнички на кралското семејство поминуваа време со своите дизајнери за да бидат сигурни дека ќе им се исполната желбите и кралските традиции.
„Меган беше модерна, со нов пристап, пријатна, целосно разоружувачка и радосна на секој начин“, неодамна Вејт Келер го откри во објавата на Инстаграм.
„Ние се поврзавме веднаш и започна пријателството. Фитинзите секогаш беа специјално време за разговор, само ние, се запознавме и има многу незаборавни моменти “.
Во меѓувреме, Бартон зборуваше во магазинот „Њујорк Тајмс Стил“ во 2014 година за нејзиното искуство да дизајнира за идна кралица на Англија.
„Ја обожавав венчаницата, сакав да ги прилагодувам моите идеи за да одговараат на личноста и на приликата и ги вложивме нашите срца“, рече таа за магазинот.
Меган и Кејт во никој случај не се единствените кралски невести кои имаат нарачано специјални фустани за нивните свадби.
Неодамна, во октомври 2018 година, принцезата Јуџин се обрати на британскиот дизајнер, роден во Австрија, Питер Пилото, за венчаницата со спуштено деколте на рамењата.
Дизајнот со гол грб ја откриа лузната, резултат на голема операција извршена кога Јуџин имала 12 години за да ја исправи искривеноста на ‘рбетот.
Пред тоа, ќерката на принцезата Ана, Зара Тиндал, не Филипс, се одлучи за венчаница од еден од креаторите на кралицата, Стјуарт Парвин, за нејзината свадба во јули 2011 година со рагби ѕвездата Мајк Тиндал.
Софи, грофица од Весекс се венча во фустан на Саманта Шоу во јуни 1999 година и Сара, војвотката од Јорк, носеше дизајн нарачан од британската дизајнерка Линтка Киерах во јули 1986 година.
Најпознатата, принцезата Дајана се обрати на дизајнерското дуо Дејвид и Елизабета Емануел за нејзината свадба во јули 1981 година.
Единствената ќерка на кралицата, принцезата Ана, се омажи за Марк Филипс во ноември 1973 година во венчаница на Морин Бејкер, додека самиот монарх се одлучи за сложениот дизајн на Норман Хартнел во ноември 1947 година.