„Рамсторе“ отвори уште еден маркет во Охрид

Денес, 10-ти Декември , компанијата „Рамсторе” – Македонија отвори нов „Рамсторе Експрес“ маркет лоциран на улицата Туристичка бр.42А, Охрид.
Модерно дизајнираниот „Рамсторе Експрес“ маркет кој е 30. по ред на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 200м2 и располага со дополнителен магацински простор од 100 м2. За услугата се грижи тим од вкупно 12 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 2 наплатни каси.
Во новоотворениот маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени во секое време свежо овошје и зеленчук, пакувано месо како и повеќе од 3000 производи достапни 365 дена во годината. Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од 08:00 до 22:00 часот.
Големиот број на промоции, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележија отвoрањето на овој маркет и ќе траат до 19.12.2021, а покрај големите попусти потрошувачите ја искористија и својата Рамсторе клуб картичка за дополнителни бенифиции при купувањето.
Со новиот маркет во Охрид, синџирот „Рамсторе” – Македонија достигна до вкупно 30 маркети во 8 (осум) различни градови во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 28.000 м2. Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува преку 800 лица.
Рамсторе Македонија и следната година го продолжува инвестицискиот раст и развој во земјата преку најавата на новите активности и отворање на нови маркети во различни градови.
„Рамсторе“, кој во Македонија почна да функционира на 11.јуни 2005 година, од неодамна е дел од „СИТИ ПЛАЗА Холдинг“ кој е присутен на македонскиот пазар 16 години.