„Ракотворци чувари на традицијата – наше богатство и гордост“ во Музеј на Македонија


Во чест на 8 Септември, Денот на македонската независност, НУ Музеј на Република Северна Македонија во соработка со Здружението „Арти крафт“ организираат етнокултурна манифестација насловена „Ракотворци чувари на традицијата – наше богатство и гордост“

Настанот ќе се одржи денес, од 11 часот.

Музејот традиционално ја организира оваа манифестација, секогаш со богата програма која во фокусот го има етнолошкото богатство. Оваа година ќе настапат ансамблот „Македонија“, Виолета Томовска, која ќе изведе неколку свои хитови, а од Истибања доаѓа фолклорниот ансамбл „Китка“. На платото пред Музејот ќе се одржи и базар на ракотворби со учество на членовите на ЗУР „Арти крафт“ и дваесетина ракотворци.