Радев ни порачува дека нема да прифати непочитување на договорите со Бугарија и Грција
„Европската перспектива на Северна Македонија зависи од строгото спроведување на меѓународните договори во кои таа е страна, како и од преговарачката рамка одобрена од Европскиот совет во јули 2022 година, која нема да се ревидира“, нагласува шефот на бугарската држава.
Реагираѓе и премиерот Димитар Главчев.
„По повод церемонијата на инаугурацијата на новиот претседател на Република Северна Македонија, Бугарија не прифаќа изјави и однесување што се во спротивност и со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и во принцип со договорите меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија“, се наведува во реакцијата.
Главчев додава и дека Северна Македонија е земја членка на НАТО, од која произлегуваат соодветните обврски и одговорности.
Новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова вчера предизвика остра реакција и предупредувања од Грција и ЕУ кога при полагањето заклетва како шеф на државата изјави дека ќе го почитува Уставот и ќе ја брани независноста на Македонија користејќи го името што го имаше земјата пред договорот од Преспа со Грција во 2018 година.