Радев: Десет години сме во ЕУ,а се најдовме покрај Уганда, Судан и Саудиска Арабија


Дали ова е политика на старата или новата бугарска влада, или на претседателот Румен Радев

„Бугарија мора да има влада по овие избори“, порача денес бугарскиот претседател Румен Радев, советувајќи ги партиите да размисат околу нивните меѓусебни напади низ оваа призма – како, кога ќе влезат во парламентот, заедно ќе формираат влада?

Тој увери дека привремената влада ќе вложи максимални напори да обезбеди машинско гласање на претстојните избори.

-Враќањето на довербата во изборниот процес е клучна задача и за ЦИК и за привремената влада и верувам дека тука ќе бидат преземени сите неопходни чекори за да има фер, транспарентни и слободни избори, рече тој.

Коментирајќи на прашањето колку длабоко треба да оди Бугарија како одговор на санкциите воведени со Законот Магнитски, претседателот рече дека ова е преседан за Европската унија и затоа нема јасна правна рамка за земја-членка на ЕУ и сојузник на НАТО под такви тешки санкции, само како да се постапува.

-Можете да видите дека веќе 10 години се движиме кон европски развој и во еден момент се наоѓаме покрај Уганда, Судан и Саудиска Арабија, оцени Радев.

Тој истакна дека привремената влада е должна да презема меркикои го минимизираат ризикот за државните институции и  за бугарските граѓани во финансиска смисла.