Радев бара временски рокови и за отворените прашања
Радев, пак, изрази очекување дека зголемената доверба меѓу Софија и Скопје ќе ја олесни работата на нерешените политички прашања, кои го попречуваат почетокот на преговорите за членство во Европската унија.
По средбата лице в лице со Ковачевски, Радев го отвори повторно прашањето за правата на граѓаните на РСМ со бугарски идентитет и нивното вклучување во Уставот на нашиот југозападен сосед:
„Вклучувањето на овие македонски Бугари во Уставот, гарантирајќи ја нивната рамноправност, заедно со другите делови на нацијата, ќе и даде храброст и можност на Бугарија да ја отвори вратата за почеток на преговорите за членство. Заедно, се разбира, со оние механизми, за кои претходно разговаравме во пакетот 5 + 1, сега 4 + 1, за да имаме неповратност и јасни механизми за гарантирање и елиминирање на говорот на омраза од двете страни“, рекол Радев.
Бугарскиот претседател се надевал дека ќе има рокови , како за другите комисии, така и за отворените прашања што Софија и Скопје мора да ги решат пред Бугарија да даде „зелено светло“ за почеток на преговорите со ЕУ.