Работниците во „Ферари“ ќе добијат бонус од 13.500 евра


 

Во 2022 година „Ферари“ оствари рекордни резултати, а италијанскиот производител на автомобили испорача рекордни 13.221 автомобил, надминувајќи го резултатот од 2021 година за 18,5 отсто, додека заработката порасна за 16 отсто.

Исто така, вредноста на акциите на „Ферари“ порасна за 7,3 отсто, а бизнис прогнозите покажуваатѕ дека профитот оваа година од 1.773 милијарди евра во 2022 година ќе порасне од 2.13 до 2.18 милијарди евра.

Очекувањата се темелат на фактот што во вториот квартал годинава ќе почнат испораките на SUV моделот „ферари пуросанг“, со почетна цена од 390.000 евра.

Имено, побарувачката за првиот SUV на „Ферари’ е толкава што од лани се сопрени порачките, а книгата на нарачки ја покрива цела оваа година и дел од следната, вели директорот Бенедето Виња.

По ваквите резултати, компанијата одлучи да ги награди сите 5.000 вработени во компанијата со бонус од 13.500 евра за секого.

Поради ова, вработените во „Мерцедес“ се „сиромашни“, со оглед на тоа дека за минатата година добија „само“ 7.500 евра бонус.