Работнички и Тиквеш ќе играат натпревар во чест на Андреј Лазаров


Поранешните клубови на трагично загинатиот Андреј Лазаров во несреќата во дискотеката во Кочани, Работнички и Тиквеш ќе одиграат натпревар во негова чест. Двата клуба потврдија дека ќе одиграат пријателски дуел, кој е закажан за 29.март во Кавадарци, со почеток во 13 часот.

Натпреварот ќе има симболично значење и ќе биде посветен на споменот на Лазаров, кој остави белег во македонскиот фудбал.

Во моментот на трагедијата Лазаров беше фудбалер на Шкупи, а во својата кариера настапуваше за Работнички и Тиквеш, а имаше и интернационална кариера во Хрватска, екипите на Рудеш и Горица.