Путин очекува до крајот на годината да има целосна контола на окупираните региони во Украина


 

Рускиот претседател Владимир Путин е уверен дека руската армија може да ја пробие одбраната на Украина и целосно да ги освои четирите делумно окупирани региони до крајот на годината – Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон, изјавија за Блумберг извори блиски до Кремљ. Според нив, Путин е подготвен за долготрајна војна доколку тоа е потребно за да ги постигне своите цели и не се плаши од зголемени санкции од САД. Ова значи дека рускиот претседател не е заинтересиран за прекин на огнот и нема да направи никакви значајни отстапки кон американскиот претседател Доналд Трамп за време на нивниот телефонски разговор, кој е закажан за 19 мај, забележува Блумберг.

„Трамп сака Путин да се согласи на прекин на огнот, но тој апсолутно не го сака тоа. Сепак, Путин не е заинтересиран ниту да ги наруши преговорите. Тој се обидува да маневрира за да овие преговори продолжат паралелно со воената офанзива“, рече про-Кремљски политикологот Сергеј Марков. Во исто време, извор на Блумберг близок до руското Министерство за одбрана се сомнева дека руската армија ќе може да ја пробие одбраната на Вооружените сили на Украина во наведениот временски рок. Според него, украинските беспилотни летала ги направија големите офанзиви скапи и неефикасни за Русија. Западните воени аналитичари делат слично мислење. „Доколку украинската одбрана се распадне, тогаш стекнувањето таква предност би било многу лесно, но во моментов такво сценарио изгледа многу малку веројатно“, рече Бен Бери, виш соработник за копнено војување во Меѓународниот институт за стратешки студии.

И покрај ова, на првите директни разговори со Украина по три години во Истанбул на 16 мај, Русија побара Киев да ги повлече своите трупи од четири региони што Москва ги прогласи за свои. Исто така, шефот на руската делегација, Владимир Медински, ѝ порача на украинската страна дека Русија е подготвена да се бори засекогаш. Од мај 2025 година, руската армија контролира околу 20 проценти од територијата на Украина, но речиси сите овие придобивки беа постигнати во првите недели од војната. Поточно, речиси целиот регион Луганск е под контрола на Русија, како и околу 70 отсто од територијата на Донецката, Запорошката и Херсонската област, пресмета Ројтерс врз основа на податоци од Институтот за проучување на војната.

Намерата на Путин да ја продолжи војната може да го поттикне Трамп да ја спроведе својата закана за воведување строги санкции, пишува Блумберг. Шефот на Белата куќа може да поддржи закон подготвен во Сенатот за воведување царина од 500 проценти на стоки од земји кои купуваат руска нафта, гас, ураниум и други ресурси.