Путин: Невакцинираните и оние без имунитет нема да можат да работат секаде
Кремљ објави дека луѓето кои не се вакцинирани против Ковид-19 и оние кои не стекнале имунитет, нема да може да работат на сите работни места во Русија.
„Стварсноста е таква што сигурно ќе дојде до дискриминација. Невакцинираните и оние без имунитет нема да можат секаде да работат. Тоа не е еможно. Би претставувале опасност за сите околу себе3, рече портпаролот на кремљ, Дмитриј Песков.
Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот предупреди дека ситуацијата со корона виирсуот во некои руски региони се влошува, а властите почнаа да промовираат кампања на вакцинирање за да го сузбијат бранот на ширење на заразата.
Во еден ден 546 мртви
Во Русија денеска забележани се 546 починати од последиците на Ковид-19, што е најголем број потврдени во еден ден од февруари, и 16.715 новозаразени во 24 часа, со што се продолжува драматичниот пораст на случаи што властите го припишуваат на ширењето на делта варијантата на вирусот.
Властите настојуваат да ги наговорат и да ги натераат луѓето да се вакцинираат нудејќи им за возврат шанса за освојување на автомобили и станови. На оние кои не примиле вакцина и одбиваат тоа да го направат, им се закануваат намалени приходи и откази.
Кремљ во петокот, наглото зголемување на новозаразени го припиша на неодлучноста на лушето да се вакцинираат, а чија појава е припишана на нифилизмот.
Русија произведе и одобри четири вакцини против Ковид-19, а водечката „спутник V’ ја продаде во многу земји.