Путин нареди напролет да започне голема офанзива во Украина

И покрај големите жртви и претходните неуспеси, Путин останува убеден дека не може да ја загуби оваа војна, која за себе ја смета за „егзистенцијална“


Владимир Путин и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов

 

Рускиот претседател Владимир Путин наредил да подготви нова офанзива во Украина во февруари-март, и покрај претходните неуспеси на фронтот, пишува Блумберг, повикувајќи се на извори блиски до Кремљ.

Офанзивата на руските трупи мора да започне пред Киев да добие модерни тенкови од САД и ЕУ. Тешките борби за Бахмут во регионот на Донецк ги осиромашија украинските сили и ја поткопаа способноста на Киев да спроведува офанзивни операции на друго место, според американски официјални претставници.

Сепак, руските трупи, откако повторно зазедоа само еден мал град во изминатите шест месеци, веројатно нема да бидат способни за офанзива од големи размери, забележува Блумберг.

Откако ја изгуби контролата врз половина од заземените земји на Украина, дури и Путин не може да ја негира слабоста на руската војска, велат соговорниците на агенцијата. Тие тврдат дека Кремљ станал пореален за воените планови и признава дека одржувањето на сегашната линија на фронтот веќе ќе важно достигнување.

Сепак, и покрај ова, Путин останува убеден дека не може да ја загуби оваа војна, која за себе ја смета за „егзистенцијална“. Во овој поглед, тој сè уште се надева дека супериорните сили и подготвеноста на Русија за најголемите човечки загуби од Втората светска војна ќе му овозможат да победи. Затоа, можен е нов бран на мобилизација оваа пролет, велат изворите.

Откако ја искористи иницијативата на бојното поле, Кремљ сака да изврши притисок врз Киев и неговите сојузници да бидат принудени на примирје. Тоа ќе ѝ овозможи на Русија да ја задржи контролата врз окупираните територии на Украина, кои Путин ги прогласи за руски на 30 септември минатата година. Во исто време, извори блиски до Кремљ велат дека преговорите со Киев денеска се невозможни, бидејќи украинските власти бараат повлекување на руските војници од Украина.

Во исто време, расте стравот кај сојузниците на Украина дека војната ќе се одолговлекува со години. И покрај падот на приходите на рускиот буџет по ембаргото за нафта и плафонот на цената на нафтата, способноста на Путин да ја финансира војната сè уште не е сериозно ограничена. Русија има пристап до резерви во јуани од околу 45 милијарди долари, што ќе го покрие буџетскиот дефицит во рок од 2-3 години.

„Ќе биде многу, многу тешко оваа година воено да се протераат руските сили од секоја педа на окупирана Украина“, рече Марк Мили, началник на Здружениот генералштаб на САД, на 20 јануари. „Но, мислам дека на крајот оваа војна, како и многу војни во минатото, ќе заврши на преговарачка маса“, изрази надеж Мили.