Пукање во Батинци – едно лице е рането


Фото: Б. Грданоски

Денеска околу 10 часот е пријавено дека се слушнале истрели на влезот на село Батинци, по кои едно лице е повредено од огнено оружје.

Полицијата е на терен, а мотивите за инцидентот засега не се познати. Не се знае ниту дали е приведено лицето кое пукало.

„Во СВР Скопје било пријавено дека лице употребило огнено оружје и пукало кон друго лице. Повредениот е префрлен во здравствена установа каде му е укажана медицинска помош“, соопштија од МВР.

Лани во ова скопско село имаше и убиство.