„Првите кралеви на Европа“- антиквитети од Македонија на изложба во Северна Америка
Заводот и музеј – Битола, Музејот во Гевгелија и Заводот и музеј – Прилеп се меѓу дваесетина балкански музеи кои се вклучени во организацијата на меѓународната изложба
Заводот и музеј – Битола, Музејот во Гевгелија и Заводот и музеј – Прилеп се меѓу дваесетина балкански музеи кои се вклучени во организацијата на меѓународната изложба „Првите кралеви на Европа“, составена од македонски и од балкански археолошки предмети, која се смета за најголема на балканската предисторија во светот.
Чикаго на 31 март, по Њујорк, е следната станица од американската турнеја, која истовремено претставува најзначаен археолошки настан во САД посветен на овој регион. Во Чикаго ќе трае до крајот на годинава, а потоа турнејата продолжува во Историскиот музеј на Канада во Гатино-Отава. Претходно, изложбата беше претставена во Институтот за древни студии во Њујорк.
По тој повод, утре (11.3.2023 г.) во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, во 12 часот, ќе се одржи прес-конференција.За турнејата ќе говорат претставници од институциите, од Управата за заштита на културно наследство, координаторот на проектот Гоце Наумов и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Гостувањето на изложбата „Првите кралеви на Европа“ во периодот од 2022 до 2024 година е во организација на Филдовиот музеј од Чикаго.