Прва седница на Влада: Повисоките пензии на две рати, укинат е факултетот за здравствени науки во Струга
Игор Јанушев е именуван за Генерален секретар на Владата
Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки, одлучи денеска Владата. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена денеска на првата седница на новата Влада.
Владата расправаше и за зголемување на пензиите од 5.000 денари, пришто беше потврдена заложбата и беше одлучено ова зголемување да се реализира на два пати, од кои првата исплата од 2.500 денари ќе биде во септември, а втората од 2.500 денари ќе следува во март.
Воедно Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, Цветан Трипуновски ја информираше владата за штетите од невремето пришто беше задолжен од општините да прибере информација за проценка на штетите од невремето за да се направи проценка на износите на штета.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков информираше за штетите предизвикани од невремето врз Драмскиот театар, пришто е најавена ревизија на постапувањето на минатата управа на Театарот и континуираната негрижа, се вели во соопштението од владината седница.