Прва самостојна изложба на Виктор Темелкоски
„Сенки – други видувања од/на Улица“ е прва самостојна изложба на Виктор Темелкоски, а вечерва ќе биде отворена во фоајето на Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево во 20 часот.
„Да се присетиме на подзаборавената значајност на оваа институција. Научивме многу таму, на улица. Понекогаш апсурдна, голема а и убава е таа – Улицата“, се вели во најавата за изложбата.
Темелкоски е дипломиран ликовен педагог/вајар на Факултетот за ликовна уметност во Скопје- 2019 година. До сега има учествувано на две групни изложби: „Тема: НЕ!“ – организирана од Аксиос (студентско археолошко здружение), 01 Јуни- 2018, музеј на Македонија -Скопје, „Четири катедри на ФЛУ“ (студенска организација при ФЛУ) 28 Декември 2017, ФЛУ- Скопје. Добитник е на наградата „Петар Хаџи- Бошков“.