Прв пат од избивањето на пандемијата во Хавана полициски час
Прв пат од почетокот на пандемијата граѓаните на Хавана на Куба ќе бидат соочени се полициски час и ќе им биде забрането да патуваат низ земјата, најавија властите.
Си-ен-ен јави дека властите на Куба се борат се епидемијата, но дека ситуацијата не е сосема под контрола.
Полицискиот час ќе трае од 19 до 5 часот наутро вкупно 15 дена, најави гувернерот Реиналдо Гарсија Запата и предупреди дека ќе ги зголеми казните за сите кои не носат маски или конзумираат алкохол на јавни места.
На Куба досега се потврдени 3.806 случаи со Ковид-19 и 92 смртни счучаи кај пациенти со корона вирус, стои во најновиот извештај на американскиот универзитет „Џон Хопкинс“.