Прв панел од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“


Министерството за јавна администрација денеска ја организира првата панел дискусија од кампањата под мотото „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.

Како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат министерот за јавна администрација Горан Минчев, извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП) Неда Малеска Сачмароска и амбасадорот на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Метју Лосон.

На тема „Визијата и заложбите на Владата во областа на доброто управување и реформата на јавната администрација“ ќе зборуваат министерот Минчев, заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.