Против Ковид-19 вакцинирана данската кралица

Данската кралица Маргарета II, многу омилена меѓу народот, ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19, соопшти денеска кралската куќа.
„Нејзиното височество Кралицата вакцинирана е денеска против Ковид-19. Кралицата за три седмици ќе ја прими и втората вакцина“, се наведува во соопштението од дворот.
Маргарета II во 2020 година го прослави својот 80-ти роденден, па меѓу првите ја прими вакцината против корона вируспт.
Градските власти на Копенхаген планираат прво да ги вакцинираат корисниците на домовите за стари лица, постари од 65 години, кои се со осетливо здрајве како и медицинскиот персонал, кои пак се најизложени на вирусот.
Речиси 30.000 луѓе од 5,8 милиони жители во Данска, кои по правило, ги слушаат здравствените власти, примија вакцина од „Фајзер/Бионтек“ од почетокот на кампањата на 27 декември.
Маргарета II е институција која ужива голем углед во таа скандинавкса монархија.
„Ќе останам на престолот додека не паднам од него“, рече оваа заколната пушачка, уметница и полиглот со многу таленти, чиј сопруга принцот Хенри, кој е роден во Франција, почина во 2018 година.
Семејството на данскиот престолонаследник Фредерик на почетокот на декември беше во изолација затоа што на неговиот најстар син, принцот Кристијан, му беше дијагностициран Ковид-19.