Протест против должничкото ропство од извршителите


Почитување на законот за застарување на долговите, изготвување правилник, но и кривична постапка за извршителите кои не ја исполнуваат законската обврска, побараа собраните на денешниот протест „Стоп за ивршителите“ пред Министерството за правда. Демонстрантите носеа транспаренти со написи „Ропството не е завршено, само обликот е друг“ и извикуваа: „Апаши, лопови“.

Активистката Ана Глигорова изјави дека живееме во должничко ропство каде од 1.000 денари, сметките стануваат 100.000 денари.

„Собрани сме по повод донесениот закон од Собранието во јуни за застарување на долгови и за висината на каматната стапка. Донесен е закон според којшто може ретроактивно да важи застарувањето. Извршителите не го почитуваат и тврдат дека им е потребен образец од Министерството за правда за да можат да се поведат по закон“, рече Глигорова.

Нагласи дека се работи за нешто што е протвуставно и ја поткопува самата држава, а кривични дела прават не само извршителите тукку и нивните надредени.

„Бараме од министерот за правда да им даде обрзец, формулар според кој би постапувале и би го решиле проблемот“, рече таа.

Демонстрантите побараа и министерот да обезбеди почитување на законот, да го повика претседателот на Стопанската комора на извршителите и да побара извештај зошто не се поитува изгласаното решение. Понатаму, да се изготви правилник, како ќе се применува членот 368 од законот за облигациони односи и ако не се почитуваат одредбите од законот, да се побара дисциплинска, прекршочна и кривична постапка од извршителите.

„Ова е самоволие на извршителите. Се крши законот од страна на институциите, државата, а тоа е поткопување на државниот поредок“, истакнаа говорниците.

Маријан Ристоски од Конфедерацијата на сидикатите ја опиша ситуацијата како апсурдна. Пратениците од мнозиснтвото го предложија законот, изгласан е, потпишан од претстедателот, објавен во службен весник и некој сега сака да прави будала од граѓаните, рече тој. Ги повика пратениците да излезат и да кажат што изгласале.

„Не сакам да верувам дека ова е некоја игра, па да кажат ние предложивме закон, но Уставниот суд ако го прекина, не го почитува, ние не сме моќни ништо. Тогаш направиле дупли грев“, објасни Ристоски.

Говорниците ја критикуваа и адвокатката комора дека е за оспорување на овој закон, па прашаа „чии слуги се тие“.

Организаторите на протестот најавија дека нема да прекинат да си ги бараат правата. Како следни чекори од протестите најавија блокирање на институции, крстосници, а тврдат дека за протестот има голем интерес и во другите градови од државата.

Од Министерството за правда брзо реагираа и им порачаа на организаторите дека автентично толкување на законите врши Собранието. Претседателот на ПЦЕР Самка Ибраимовски, КСОМ и Но Пасаран да се обратат до законодавниот дом, порачаа од Министерството. 

-Собранието на 18 јули  донесе две законски решенија: Измени во Законот за извршување во Член 18  кој се однесува на висината на неисплатената камата и измени во Законот за облигациони односи со три члена. Законската измена во членот 18 на Законот утврдува дека  „Кога во извршната исправа е определена наплата на камата од должникот истата се пресметува и наплатува до денот на исплатата на средствата на посебната сметка на извршителот, односно до моментот кога исплатената камата ќе го достигне износот на главниот долг.“

Законската одредба, Според Министерството за правда, директно ја дерогира извршната исправа во делот на каматата и не утврдува било каков основ за донесување на било каков акт од страна на извршителот- што би требало да го пропише министерот. Извршителите ја применуваат директно. Притоа извршителите немаат законска надлежност да одлучуваат по сопствено убедување или диспозиција и да преземаат дејствија кои не се пропишани и определени со Законот за извршување.

Втората Законска измена пак се однесува на Законот за облигационите односи кој покрај многу други прашања ги уредува и договорните и казнените камати, како и нивната застареност.