Проштална средба на министерот Муцунски со францускиот амбасадор Бомгартнер


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска имаше проштална средба со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер.

На средбата, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски се заблагодарил за придонесот на амбасадорот Бомгартнер во развојот на билатералните односи и соработката за време на неговиот дипломатски мандат во земјава.

– Заеднички беше потврдено задоволство од динамичниот и континуиран политички дијалог помеѓу двете држави и нагласена потребата за ставање посебен фокус на развојот на економската и трговската соработка во претстојниот период, се вели во соопштението. 

На средбата, како што се наведува, биле разменети мислења и за реформските процеси во земјава и тековниот пристапен процес, а во тој контекст министерот Муцунски уште еднаш се заблагодарил на поддршката и помошта од Француската Република на евроинтеграцискиот пат на државата.