Пронајдени двајца мртви во нивните домови


Син си го нашол мртов таткото во Гостивар, а татко го нашол мртов својот 33-годишен син во Демир Капија.
Во петокот,  во 13.55 часот во Полициска станица Гостивар, Д.К(37) пријавил дека во куќа на ул.„ЈНА“ во Гостивар го пронашол починат неговиот татко К.И.(68) од Гостивар, кој според пријавеното имал претходни здравствени проблеми. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Истиот ден, околу 13.40 часот во Полициска станица Неготино било пријавено дека З.Б. го пронашол починат неговиот син Ф.Б.(33), во семејната куќа на ул.„Радњанска“ во Демир Капија. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Одделение за внатрешни работи Неготино и лекар од здравствена установа, каде првично бил пријавен случајот. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција на Институт за судска медицина Скопје.