Пронајдена нексплодирана бомба во Охридско езеро


Фото: Б. Грданоски

Случајни минувачи на кеј „Македонија” забележале нексплодирана бомба во водите на Охридското езеро. Тие го пријавиле случајот вчера, во 11.05 часот, во СВР Охрид.

Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка.