Пронајден тинејџерот (16) кој исчезна во Сплит – пренесен во болница


Пронајден е 16-годишниот тинејџер, кој исчезна во Сплит. ХГСС го извлекле, а бил пренесен во болница.

Во сплитската парк-шума Марјан од рано утрото се водеше интензивна потрага по 16-годишник, кој беше пронајден вечерва.

„Ве информираме дека момчето по кое се трагаше е пронајдено на Марјан и е пренесено во Сплитската болница за укажување лекарска помош“, соопшти сплитско-далматинската полиција, додавајќи дека им се заблагодарува на граѓаните за нивната помош.

Исчезнатиот 16-годишник бил пронајден нешто пред 20 часот. Започнати се напорите за извлекување и спасување, но сè уште не е јасно колку е сериозно повреден.

„Лицето е пронајдено. Извлекувањето е во тек. Наши луѓе се до него и ја проценуваат ситуацијата. Сè уште чекаме информации, не сакав да поставувам премногу прашања за да не губам време“, реќе Анте Јукиќ, член на Хрватската горска служба за спасување на Сплит за RTL.

За време на преносот во живо покрај репортерот на РТЛ поминал амбулантно возило со сирени кои тргнале да му помогнат на младиот човек.

По сплитскиот тинејџер цел ден трагаше полиција, хрватската крајбрежна стража, пожарникари и кучиња трагачи. Единствената трага што е пронајдена е велосипед забележан на Марјан и крвави траги, но инспекторите не биле сигурни на кого му припаѓаат.