Пронајден хероин и амфетамин во Гевгелија, приведени две лица


Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија вчера попладне во 15.00 часот ги лишиле од слобода А.К. (46) и Ј.Р. (43), двајцата од Гевгелија.

При преглед на патничко моторно возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени 27 пакувања со хероин, а при преглед на Ј.Р., која била сопатник во возилото, бил пронајден амфетамин.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.