Промоција на стрип-магазинот „Деветка“
Промоцијата на новиот број на стрип-магазинот „Деветка“ ќе се одржи в петок, 28 јуни, во кафе „Ли“ со почеток во 20 часот.
„Покрај голем број на домашни македонски стрип-автори, имаме застапено повеќе гости автори, од Србија, Турција, па и од Јапонија. Тука се и веќе стандардните текстуални рубрики, „Мини стрип курс“, „Стрип рецензија“, и „Интервју“, овој пат со стрип-авторот од Србија, Влада Весовиќ, кој воедно за овој број ја изработи и илустрацијата на насловната страница. Во овој број, како и во првиот, ќе има и галерија со илустрации“, информира Никола Темков од „Стрип квадрат“
Во новиот број ќе може да се видат стриповите на Игор Јовчевски, Диме Иванов – Димано, Никола Темков, Дарко Богданов, Ивица Дукоски, Владодлак, Иван Вељковиќ, Влада Весовиќ, Јашар Фират, Јошимакс и други.