Промоција на првиот интерактивен водич за Скопје “Здраво Скопје”


Утре (недела) во 12 часот кај Мечето во Градски парк во Скопје, ќе биде промовиран првиот интерактивен водич за Скопје “ЗДРАВО СКОПЈЕ”, посветен на едно незаборавно Скопје – од минатиот век до денес, со сите негови препознатливи локации, култни места и урбани легенди вредни за раскажување. Наменет и за млади и за стари, за носталгичари, туристи и истражувачи кои сакаат да го запознаат вистинскиот дух на Скопје.

Книгата е дело на авторското дуо Кокидо, зад кое се потпишуваат Александра Шаровиќ-Атанасовска, автор на наградуваниот концепт ПланУМ, и Ружица Мандичевска-Руки, една од најзначајните македонски илустраторки.

Авторките моментно живеат и работат во Белград и Лондон.