Промоција на „На враќање“ од Фросина Пармаковска во КИЦ на РСМ во Софија
Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечер ќе биде одржана промоцијата на книгата „На враќање“ од македонската писателка Фросина Пармаковска. „На враќање“ е објавена од издавачката куќа „Персеј“ од Софија, преведена на бугарски јазик од Маријан Петров. На промоцијата на литературното дело пред софиската публика, во присуство на авторката, ќе говорат издавачот Пламен Тотев и преведувачот Марјан Петров.
Младата македонска писателка Фросина Пармаковска е позната на бугарските читатели со книгите „Вишнова хроника“ и „Одбројување“ кои порано излегоа од печат како изданија на издателство „Персеј“ на бугарски јазик.
„На враќање“, како што наведува издавачот, е една возбудлива и привлечно раскажана драматична животна приказна. Роман за грешките и прошката, за разбраната и претрпена грешка, која секој може да ја направи, за моментите во кои човек се приземјува и го осознава сето неправилно извршено.