Промоција на „Дијалози за слободата“ на Љупчо Јолевски
Промоција на книгата „Дијалози за слободата“ во авторство на Љупчо Јолевски ќе се одржи в четврток (27 ноември) во галеријата „Метаноја“, во 19 часот.
Настанот ќе го отвори директорката на „Метаноја“, Нада Милкова, а за книгата ќе говорат Коста Милков и Маја Чанкуловска-Михајловска. За своето дело на публиката ќе ѝ се обрати и авторот Љупчо Јолевски.
Промоцијата на „Дијалози за слободата“ ќе се одвива во амбиент на изложените дела од поставката „Лица“ на Здружението за култура „ТРАНЗЕН“ и на домашната ликовна публика за првпат заедно ќе ѝ ја дари изложбата „Живот за уметноста“ на Александар и Ивана Настески.