Промоција на АДА, првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавен сектор
На 10.04.2023 година (понеделник) во 11 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод промоцијата на АДА – првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавен сектор. Настанот ќе се одржи во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој .
На промоцијата ќе се обратат: Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и Директорот на Фондот за иновации и техонолоши развој, Фестим Халили.