Пролетното модно шоу на Шанел е балет инспириран од копчиња на париската писта (видео)


Париз- Веројатно најубавата модна сцена деновиве се „насели“ во Париз, каде што продолжува Неделата на висока мода и претставувањето на најновите колекции на одбрани луксузни куќи. Како и обично, со нетрпение се очекуваше колекцијата за висока мода на францускиот бренд Шанел, која беше најавена со краткиот филм „Копче“ во кој главната улога ја толкува амбасадорката на куќата, актерката Маргарет Квали, а во која исто така можеме да слушнеме необјавена песна на Кендрик Ламар.

Во новата колекција висока мода преовладуваат пастелни бои, есенцијални се парчињата твид и тул, како и цветните дезени и безвременските кроеви кои се препознатливи за куќата Шанел. Шоуто го отвори актерката Маргарет Квали, која носеше кратка јакна со јака од тул во комбинација со микро здолниште и додатоци со нежни органиди.

Речиси сите модели, вклучувајќи ја и неа, носеа и сјајни бели чорапи, а како главен детаљ низ целата колекција беше проткаен проѕирен, нежен тул. Не беше исклучок ниту венчаницата со која се затвори шоуто.

-Сакав да се фокусирам на тулот, нозете и леснотијата, да го донесам летото на модната писта“, изјави креативната директорка Виржини Виард која овој пат изненади со кратките фустани и здолништа, па многумина истакнуваат дека ова е многу смела колекција од висока мода. 

Наоми Кембел во публика
Ана Винтур со режисерот Баз Лурман