Професорот Калаџиев добивал закани за ставовите што ги кажува

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, кој подлого време да не се злопутребува институцијата притвор и да се одредува само кога е крајно неопходно, стана цел на закани. Тој вчера на Фејсбук напиша: „Притворот не смее да се користи за државата да се покаже сериозна!! Тоа е злоупотреба и ќе падне во Стразбур!”, алудирајќи на големиот број притвори одредени во истрагата за трагедијата во Кочани. во Стадион 77 ја коментираше процедурата на истрага за пожарот во клубот Пулс во Кочани и фактот дека досега се притворени 34 лица
Гостувајќи во емисијата „Стадион“ на канал 77 Калајџиев рече дека во постапката не се почитува пресумпцијата на невиност, како и и дека според меѓународните стандарди и уставот, притворот е крајна нужда.
„Во теорија е невозможно да има потреба 34 лица да ги ставите во протвор. Тоа се користи како крајна мерка. Тука не станува збор за криминална структура и нема реална опасност од бегство. Луѓето коментираат зошто актуелен министер не е предмет на истрага, а претходниот го гледаме со лисици“, рече Калајџиев.
Тој го објасни и својот Фејсбук статус: „За еден другар прашувам: како со еден фалсификат се оди во притвор а со друг на функција?!“
„Со кое лице се исправаат пред 20 години затвор луѓе кои дале лиценца додека некој со фалсификувана лиценца може да ги води тајните служби. Од кои може да зависи утре државата“, праша Калајџиев
Во разговорот тој рече дека добива закани од кои дел се јавни, преку коментари на социјалните медиуми.
„Да, имам-нон стоп закани дека ќе ме згазат на улица ќе ме убијат и сл. Мене тоа не ме вознемирува, мене како правен експерт ми е обврска да зборувам за тоа. Се вознемирила дури и сестра ми. Мене ми е обврска да го штитам правото. Премиерот ќе дојде и ќе си оди. Второ, нека научи нешто премиерот, министерот за правда и јавниот обвинител“.