Проекција на шпанскиот трилер „Пиги“ во Кинотека


Шпанскиот трилер „Пиги“ на режисерката Карлота Переда вечер ќе биде прикажан во Кинотека. Проекцијата на филмот се реализира како соработка на Кинотека и Амбасадата на Шпанија во нашата земја.

– „Пиги“ е маестрален спој на психолошки трилер и хорор, создаден врз основа на наградуваниот краток филм на Переда од 2018 година. Филмот храбро ги отвора темите на телесната стигма, малтретирањето и траумата, градeјќи атмосфера натопена со напнатост, која кулминира во незаборавно кинематографско финалe, информира Кинотека.

Филмот е наменет за публика на возраст над 16 години. Влезот е бесплатен.