Проекција на шпанскиот филм „Јас сум Невенка“ во Кинотеката
Амбасадата на Кралството Шпанија во Северна Македонија и Кинотеката на Македонија вечер од 20 часот организираат проекција на шпанскиот филм „Јас сум Невенка“, победник на Интернационалниот филмски фестивал во Сан Себастијан во 2024, во категоријата Euskadi Basque Country 2030.
Филмот е на режисерката Исијар Бољаин, инспириран од вистинска приказна од крајот на 20 и почетокот на 21 век.
-Дваесет и четиригодишната Невенка Фернандез, советничка во градското собрание на Понферада, е сексуално вознемирувана од градоначалникот – моќен човек навикнат да ја наметнува својата волја и на политички и на личен план. Кога младата жена поднесува тужба против својот претпоставен, иако свесна за цената што ќе ја плати, се соочува со жестока осуда од средината која го поткопува нејзиното достоинство. Нејзината истрајност подоцна ќе стане пример за многу жени во нивната борба против злоупотребите на работното место во Шпанија, соопшти Кинотеката.
Влезот за посетители е слободен.