Продажбата на автомобили во Европа во 2020 – најлоша година во последните неколку децении


Најдобрите европски пазари за автомобили лани го забележаа најголемиот годишен пад на продажбата во последните неколку децении, со постојаните ограничувања заради корона вирусот, во очекувае да закрепнат на почетокот на оваа година.

Регистрациите на автомобили паднаа за околу 25 проценти минатата година во Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија, петте најголеми европски земји за купување автомобили, според здруженијата на индустрии и министерствата за транспорт, пишува „Аутомотив њус Јуроп“.

Новиот бран на КОВИД-19 доведе неколку влади повторно да ги спроведат мерките за блокирање, кои најверојатно ќе се „влечат“ според барањата во почетокот на оваа година.

Регистрациите на нови автомобили во Германија паднаа за 19 проценти во 2020 година, според органот за транспорт КБА.

Продажбата падна 32 отсто во Шпанија, 29 проенти во Велика Британија, 28 проценти во Италија и 25 отсто во Франција.

Трговската групација на автомобилската индустрија во Велика Британија, Здружението на производители и трговци со мотори (СММТ), соопшти дека падот во земјата е најлош од 1943 година.

Податоците покажуваат големо влијание на корона вирусот врз автомобилската индустрија во Европа минатата година во однос на Кина и САД, каде што купувањето автомобили беше поотпорно.

Тековната слабост на побарувачката претставува ризик за економијата во евро-зоната, која во втората половина на минатата година, во голема мера се потпираше на производствениот сектор.

„Ние сме во длабока криза“, рече Пјер-Луј Дебар, раководител за статистика во француската групација за автомобилска индустрија ЦЦФА, во едно интервју. „Тоа е пообемно од што било што сме виделе во минатото“.

Аналитичарот на Bloomberg Intelligence, Мајк Дин, изјави дека европскиот пазар на автомобили може да се зголеми во вториот квартал ако владите ги укинат блокадите. Сепак, Блумберг предвидува продажбата годинава да заврши за 15 отсто помалку во однос на 2019 година.

„Првиот квартал од 2021 година ќе биде тежок“, рече Дин.

Електричните возила се светло место во очајноста во регионот, а Блумберг процени дека хибридните, плаг-ин хибридните и возилата на целосен електричен погон за прв пат ја надминаа продажбата на дизел автомобили во последниот квартал лани.

Германската КБА во средата соопшти дека продажбата на чисто електрични автомобили пораснала за повеќе од 200 проценти минатата година, при што групацијата „Фолксваген“ зазема удел од 17 отсто во овој сегмент, следен од „Мерцедес-Бенц“ со 15 отсто.

Во Франција, автомобилите со целосен електричен погон учествуваа со 6,7 проценти во вкупната продажба во текот на годината, во споредба со 1,9 проценти во 2019 година.

„Renault Zoe“ беше најпродаван ЕВ во Франција со продадени 37.409 примероци, далеку пред 6.477 на „Tesla Model 3“ и 4.187 “Volkswagen ID3“ регистрирани во земјата.