Пробиен уште еден тунел на пругата кон Крива Паланка
Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот Фејсбук профил објави видео од пробивање на 14. тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба.
„Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија“, напиша Ивановски.
Тој вели дека прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но го пофалиизведувачот за нивниот успех во градбата на тунелите.