Проба и не успеа: Драган Ковачки ја избриша лажната фотографија за самитот на ОБСЕ

Само три минути траше обидот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, да внесе забуна и вознемиреност со објавување на лажна фотографија од тоа како наводно ќе изгледала салата „Борис Трајковски“ за време на министерскиот состанок на ОБСЕ. По само три минути тој ја избриша лажната фотографија од социјалните мрежи, но не се извини за подметнувањето.
Фотографијата што тој ја објави беше од концерт на Лепа Брена и Драгана Мирковиќ од Софија (како што своевремено ја пренесе познатиот бугарски политички научник Димитар Бечев, а не од настан што уште не се случил во Скопје. Тој во постот се пожали дека „Џабирите“ (веројатно мислејќи на Џабир Дерала, директорот на „Цивил“) многу се „загрижиле“ што тој емитува лажни вести.
„Гледам дека мнозина Џабири и неколку перјаници на СДС оркестрирано се загрижија за Самитот на ОБСЕ. Добро е што ревносно ги следат сите мои постови, па и оној редок случај кој откако приметив дека фотографијата не е вистината веднаш го избришав. Постот траеше 3 минути, ама срамот на оваа власт, маката и пљачката на граѓаните трае 7 години“, напиша Ковачки.