Признание за Војо Цветановски од „Театроск“


Војо Цветановски од „Театроск“ е прогласен за уметнички амбасадор на годинашниот уличен уметнички фестивал ИнАрт во Тиват во Црна Гора.

– Ова значи дека соработката со црногорскиот фестивал се зацврстува и за во иднина се најавуваат големи заеднички проекти, соопшти „Театроск“ – продукција која работи уличен театар.

Цветановски е дипломиран пантомимичар и театарски режисер. Учествувал на познати улични уметнички фестивали и организирал ваков вид настани во земјава.