Приведено лице од Скопје за доиздржување казна затвор


Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишија од слобода О.С.(50) од Скопје.
 
Како што информираа од МВР, за него била распишана централна потерница со која се барал за доиздржување казна затвор од една година и 7 месеци.
 
О.С. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за доиздржување на затворската казна.