Приведени три лица, сакале да летаат од Охрид со фалсификувани британски пасоши
На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници ги лишиле од слобода М.В.(24), Б.И.(31) и малолетничка, сите државјани на Република Албанија, оти при пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицата на увид приложиле фалсификувани британски патни исправи.
„Трите лица биле предадени на одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид за понатамошна постапка“, информираат во Министерството за внатрешни работи.