Приведени се 14 лица кои биле на излет и пукале од огнено оружје


Минатата ноќ полициски службеници привеле 14 лица, кои биле на излет и пукале од огнено оружје, а притоа една жена била погодена од залутан куршум.

– Уапсените лица околу 20.30 часот во близина на селото организирале излет и се сомничат дека пукале од огнено оружје, а еден заталкан куршум ја повредил 52-годишната Р.Ф., која била во двор во селото. Таа била пренесена во Ургентен центар Гостивар каде и била укажана лекарска помош, информираат од СВР Тетово.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.