Приведени крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот


Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба вчера ги приведоа Џ.Д.(20) и Е.Д.(22), двајцата од Скопје, со што е расчистено кривично дело „кражба“, извршено на 28.12.2021 во 01.20 часот во казино на подрачјето на Гази Баба.

Притоа, како што информираат од МВР, било утврдено дека кривичното дело го извршила Џ.Д., додека Е.Д. ѝ помогнал во извршувањето.

Одземеното е пронајдено кај приведените и вратено на сопственикот. Во координација со Јавен обвинител по комплетно документирање на случајот против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.