Приведена скопјанка за издржување на затворска казна


Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа во 22:10 часот на кеј „Димитар Влахов“, врз основа на судска наредба, ја лишиле од слобода скопјанката Ш.М.(27).

Како што соопшти МВР, Ш.М. била барана за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната.