Приведен возач на патот Гостивар-Тетово, управувал возило со брзина од 151 км на место каде е дозволено 80 км на час


Фото: Б. Грданоски

На патот Гостивар-Тетово, кај клучка Жеровјане, полициски службеници вчера го привеле Н.Р.(40) од с.Мала Речица.

Тој управувал патничко моторно возило „бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 км на час, соопшти МВР.

 Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик- ,,безобѕирно управување со моторно возило“.