Приведен скопјанец кој намамил Германка да дојде во Трубарево, па ја нападнал и ја затворил во домот


Полицијата приведе 22-годишен маж од село Трубарево, кој преку социјална мрежа намамил Германка да дојде во Скопје, па ја нападнал и ја држел заклучена во неговиот дом.

Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Е.А.(22) од с.Трубарево, скопско, постапувајќи по пријава од В.С.(25) од Р.Германија, според која по претходна комуникација на социјална мрежа со Е.А., таа дошла во Скопје, а тој ја однел во неговиот дом во с.Трубарево, ѝ го одзел мобилниот телефон, физички ја нападнал и не ѝ дозволувал да си оди.

При претрес извршен од страна на полициски службеници од Одделението за насилен криминал при Единицата за насилен криминал од СВР Скопје, по добиена судска наредба, во домот на пријавениот биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

Е.А. бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.