Приведен маж за предизвикување пожар во домот „Ранка Миловановиќ“
Министерството за внатрешни работи уапсило 56-годишен жител на Скопје поради постоење основи на сомнение дека во домот „Ранка Милановиќ“ во Скопје, каде престојувал, предизвикал пожар.
Противпожарната бригада го исгаснала пожарот а повредени лица нема. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопштија од МВР.