Приведен малолетник кој украл пари од скопјанец


Малолетник од Скопје е приведен вчера откако во централното градско подрачје со физичка сила одзел пари од 44-годишен скопјанец. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера на подрачјето на Центар во 18:45 часот е приведен 15-годишниот малолетник по претходна пријава дека околу 14:30 часот со употреба на физичка сила од Т.М.(44) од Скопје одзел пари.

– По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, најавуваат од МВР.