Пристигнаа сахарските горештини во Италија – на Сицилија до 44 степени


Италија ја погоди првиот голем топлотен бран ова лето, кој пристигна со африкански антициклон, покачувајќи ја температурата на 40 степени Целзиусови, 10 степени над сезонските просеци.

Веб-страницата viLMeteo.it предвидува дека топлотниот бран на Сахара наскоро ќе ја зафати цела Италија, пренесе Анса.

Основачот на таа локација, метеорологот Антонио Сано изјави дека денеска и утре живата во термометарот ќе скокне на 32 до 34°C во центарот и северот на Италија, а уште потопло ќе биде на Сицилија и Сардинија.

Од среда до петок ќе биде уште потопло“, најави Сано.

Се очекува во Рим, Неапол, Фиренца да има вредност од 40°С, а на Сардинија и Сицилија температурата да биде во интервал од 42 до 44°С.

„Следниот викенд африканскиот антициклон ќе ја загуби силата“, рече Сано, додавајќи дека многу силни дождови кои се очекуваат на север ќе ја намалат температурата во сите региони.

Во текот на изминатиот викенд плажите беа преполни со Италијанци кои побараа засолниште од горештините покрај бреговите на морето и езерата, а се очекува гужвите да бидат уште поголеми оваа недела, делумно и поради почетокот на училишниот распуст. делумно поради зголемената температура.