Прилепчанец набавил фалс свидетелство, за да полага за возачка
Снаодлив 49-годишен прилепчанец, Н.А., е обвинет за фалсификување документи, откако полицијата открила дека изработил лажно свидетелство за завршено основно образование.
Според информациите од МВР, тој наводно имал намера со фалсификатот да се запише во авто-школа и да полага возачки испит, иако реално завршил само четврто одделение.
Случајот излегол на виделина во септември 2025 година, кога органите на редот откриле дека документот што го приложил е измислен и нема официјална потекло. Полицијата поднесе кривична пријава против Н.А., истакнувајќи дека постојат основи за сомневање дека сторил кривично дело „фалсификување на исправа“.